Репрезентацијата на Франција е последниот патник во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо.

На Мундијалот во водени спортови што се одржува во Доха, Французите во последниот четвртфинален меч ја победија Унгарија со 11-10.

Триколорите направија вистински подвиг елиминирајќи го актуелниот шампион и тоа благодарение на одлично одиграното второ полувреме. Во првото Унгарците имаа и четири гола предност (7-3). Сепак тоа се покажа како недоволно да се изборат за ново полуфиналето. Клучна беше последната четвртина која Французите ја добија со 5-2 и на крајот славеа со гол разлика (11-10).

Франција за противник во полуфиналето ќе ја има Хрватска која со 15-13 беше подобра од Србија.

Во второто полуфинале ќе играат европскиот шампион Шпанија и селекцијата на Италија,