Втор пораз за македонската ракометна репрезентација на ЕП откако вечерва во дуелот со домаќинот Германија загуби со 34:25 (18:13).

Со овој триумф Германците се на првата позиција во групата А со 4 бодови, пред Франција со 3 и Швајцарија со 1.

 Нашата репрезентација ги загуби шансите за пласман во следната фаза. Големиот број технички грешки – 20 за нашата репрезентација е една од причините за вториот убедлив пораз.

Домаќинот на шампионатот од самиот почеток на натпреварот ги казнуваше грешките на македонските ракометaри поведе со 5:2. Сепак со два гола Македонија намали на еден негатива (4:5). Но, противникот го искористи исклучувањето на Талески и со серија од четири гола дојде до предност од 9:4 во 14.та минута по што следеше тајм аут за селекторот Лазаров. По советите во напад игравме „7-6“  постигнавме два гола. Сепак противникот имаше ритам и ги казнуваше нашите грешки и во 25.та минута поведоа со +7 (16:9). До крајот на првиот дел само ја намаливме предноста на ривалот.

Почетокот на вториот дел беше во знакот на Германија и по трите гола, селекторот по нецели четири минути побара тајм аут. Се вративме во игра со серија од 4-1, па германскиот селектор Гисласон побара тај аут. Противникот играше лесно, а ние правевме грешки и во 48.минута беше беше првпат + 9 (29:20). Германија во 57.минута поведе и со двоцифрена разлика (33:23).

Најдобар поединец на дуелот беше Јури Кнор, кој постигна 10 голови, додека кај Македонија Ненад Костески беше најпрецизен со 6 голови.

Во следното коло Македонија ќе игра против Швајцарија во вторник.