Маѓата македонска ракометна репрезентација торт ден е во Берлин. Црвено-жолтите таму ќе ги одиграат следните два натпревари на Европскиот шампионат. 

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров го одработија првиот тренинг во арената „Мерцедес Бенц“ каде в недела ќе се играат против домаќинот Германија. 

Видливо е доброто расположение во таборот на македонските ракометари.

Тие против себе покрај ракометарите ќе ја имаат и домашната германска публика. 

Сепак, во редовите на македонската репрезентација владее оптимизам. Доколку против „панцирните“ во текот на целиот меч, се игра како против Франција во првите 15 минути, тогаш може да се надеваме на позитивен  резултат.