Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа 10-тата победа во Првата лига и се вратија на врвот на табелата.

На дуелот во Гостивар кај истоимената домашна екипа, МЗТ славеше убедливо со 78-69.

Актуелниот шампонот победа ја најави уште по првата четвртина која ја доби со 15 разлика 25-10. Крајот на првото полувреме сино-белите го дочекаа со позитива од 16 поени 44-28.

Второто полувреме беше чиста рутина па МЗТ до 11-тата победа во низа стигна со конечни 19 разлика 78-69.

Баковиќ со дабл-дабл со 20 поен 12 скокови, заедно и Војдан Стојановски со 12 поени и беа најефикасните во победничката екипа, додека кај Гостивар за кој ова беше шести пораз во низа (вкупно деветти) Вилијамс постигна 18 поени.

МЗТ е лидер на табелата со „скор„ 12-1 (победи-порази), а Гостивар е осми со 4-9.

календарската 2023-та година ќе ја заокружат Работнички и Пелистер со натпреварот што ќе се игра утре од 18 часот.

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 24, Еуро Никел 23, Чаир 22, Пелистер 21, Работнички 20, Феникс 20, ТФТ 20, Гостивар 17, Кожув 16, Академија ФМП 16, Вардар 16, Охрид 15.