Фудбалерите на Ливерпул славеа на гостувањето кај Брајтон и избија на првото место на табелата во Премиер лигата. Во натпреварот од 19.коло, Ливерпул победи со 2-0 и по двата нерешени исходи во претходните рунди славеше триумф. 

Гостите беа подобри во текот на целиот натпревари, но тешко успеваа да ги искористат шансите.

Дарвин го отвори резултатот уште во 6.та минута по асистенцијата на Гапко. Тоа беше доволно во првиот дел да го контролираат резултатот.

Во вториот дел на Ливерпул им беше поништен и гол по ВАР, а стрелец на тој беше Харви Елиот. Диого Жота беше оној кој што го запечати резултатот. Со гол во 90.та минута го зголеми ги постави конечните 2:0.

Со оваа победа Ливерпул се искачија на првата позиција барем за неколку дена. Со 42 бода Ливерпул е лидер, пред Арсенал кој во четврток ќе го одигра натпреварот со Вест Хем на домашен терен.

Барнли се на 19-та позиција со 11 бода.

Андреј Велјаноски 

Standings provided by Sofascore