Нов пораз на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, откако во првиот денешен натпревар загуби од Вест Хем на гости со 2:0. Воедно ова беше четврти натпревар во низа на кој „црвените ѓаволи“ не постигнуваат гол.

По изедначеното прво полувреме без голови, Вест Хем поведе со голот на Џерод Бовен во 72.минута (11-ти во Премиер лигата), кој одлично реагираше на додавањето од Пакета.

Шест минути подоцна повторно на асистенција на Пакета, домашниот тим постигна уште еден гол, а стрелец беше Мохамед Кудус.

Со денешната победа Вест Хем  има 30 бодови и се проби на 6.место, со два повеќе од денешниот ривал, кој падна на осмата позиција.