Во попладневниот термин од 18.коло се одиграа четири натпревари, а за одбележување се победата на Тотенхем над Евертон и поразот на Њукасл кај Лутон. Сепак за одбележување е и хет-трикот на Доминик Соланке за Бурнемут против Нотингем Форест.

Тотенхем со двата „брзи гола“ дојде до водство од 2:0 против Евертон. Стрелци на головите беа: Ричарлисон во 9.минута и Сон во 18.минута. Голот за Евертон го постигна Андре Гомеш во 82.минута.

Њукасл загуби на гостувањето кај Лутон, а стрелец на голот беше Андреас Таусенд во 24.минута, а победата е посветена на капитенот Том Локер, кој се онесвести на дуелот од претходното коло.

Вистински јунак на колото досега е Соланке, кој постигна хет-трик за Бурнемут на гостувањето кај Нотингем Форест и неговата екипа победи со 3:2. Сите пет гола на овој дуел беа постигнати во вториот дел, а домашниот тим од 23.минута играше со играч помалку поради ислкучувањето на Вили Боли поради втор жолт картон.

Гостинска победа постигна и Барнли против Фулам славејќи со 2:0.

Дербито на коло се игра на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Арсенал.