Веднаш по завршувањето на четвртфиналниот меч во кој Ливерпул го декласира Вест Хем, беше извршена ждрепката за полуфиналето во Карабао купот на Англија. 

Тимот на Ливерпул за противник го доби Фулам, додека Мидлсброу ќе ги одмери силите со Челзи. 

Во полуфиналната рунда ќе се играта по два натпревари. Првите ќе се играат во седмицата по 8 јануари 2024 година. Реванш дуелите ќе се одржат по 22 јануари 2024 година. 

Традиционално финалето ќе се игра на стадионот „Вембли“ во Лондон, и е закажано за 25 февруари 2024.