Најдобрата македонска фудбалска репрезентација, календарската 2023-та ја завршува на 65.место на ФИФА листата.

Последното рангирање не донесе никакви промени за репрезентацијата на Македонија. Како и на претходното, така и на ова декемвриското, црвено-жолтите се на 65-тата позиција.

Што се однесува до ТОП-10 на рангирањето, натаму лидер е светскиот шампион Аргентина, пред Франција и Англија.

По ова трио, следуваат: Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.