Познати се три од четирите тима кои ќе играат во полуфиналето на англискиот Лига или популарниот „Карабао“ куп. 

Тимовите на Челзи и Фулам по подоброто изведување на пеналите се пласираа во претпоследната рунда. 

На „Стенфорд Бриџ“ во Лондон вистинска драма. Челзи од 16.минута имаше негатива од 0-1 во дуелот со Њукалс. Сепак со голот на Украинецот, Мудрок во судиското дополнение (90+5) го израмни резултатот. Натпреварот отиде во пенал „рулетот“ во кој српскиот голман Петовиќ одбрани два удари на гостите и го одведе Челзи во полуфиналето. 

Речиси иста слика и на натпреварот Евертон – Фулам, но таму среќен крај за гостите кои први постигнаа гол. Во пенал серијата беа изведени по осум удари, а поуспешни беа фудбалерите на Фулам. 

Затоа пак Милдсборо немаше проблеми во деуелот со Порт Веил кого го совлада со 3-0 на гостинск терен. 

Последниот патник во полуфиналето ќе го дознаеме утревечер по дуелот меѓу Ливерпул и Вест Хем (21 часот).