Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и неговиот тим Абердин се поразени во финалето на шкотскиот Лига Куп. 

На натпреварот одигран на „Хемпден Парк“ во Глазгов, Миовски и Абедин загубија до домашниот тим на Ренџерс со 1-0. 

единствениот гол на натпревар беше постигнат во 76.минута а стрелец беше Џејмс Таверние. 

Абердин за кого ова беше 16-то финале (прво по 2014 година) не успеа да стигне до десеттиот трофеј во ова натпреварување. 

Миовски пак и немаше некоја голема шанса да го впише својот 11-ти гол сезонава во дресот на Абердин.