Најголемото дерби во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед заврши без голови – 0:0                                                                                         

Во првиот дел Ливерпул ја имаше потполната контрола на натпреварот, а прекрасна шанса во 29-тата минута имаше Ван Дајк кој при удар со глава од три метри не успеа да го совлада Андре Онана.

Иницијативата на Ливерпул продолжи и во вториот дел.

Трент Александер-Арнолд во 66-тата минута ја имаше најдобрата шанса на натпреварот. Имено, тој од работ на шестнаесетникот одлично биеше, но топката помина милиметри до стативата.

Единствената шанса за Манчестер Јунајтед ја имаше Расмус Хојлунд, но Алисон прекрасно реагираше.

Диого Далот мораше неколку минути порано да се пресели во соблекувалната бидејќи судијата му покажа црвен картон во 93-тата минута.

Продолжија нападите на Ливерпул се до последниот свиреж на Мајкл Оливер, но без гол во мрежата на Онана натпреварот заврши 0:0.

„Црвените” со овој бод паднаа на втората позиција на табелата со 38 освоени бодови, еден помалку од лидерот Арсенал. Додека, Јунајтед со 28 бодови се наоѓа на седмата позиција.