Екипата на Фиорентина потешко од очекуваното ја победи Верона и се искачи на 5.место на табелата во Серија А.

На натпреварот одигран во Фиренца, а во рамките од 16.коло Фиорентина победи со 1-0. 

Долго време домаќините се мачеа да го скршат отпорот на претпоследно пласираната екипа на Верона. 

Сепак тоа им успеа конечно во 78-та минута кога Аргентинецот, Белтран се запиша во листата на стрелците. 

Со новите бодови и вкупно 25 Фиорентина се израмни со Наполи на 4 и 5 место на табелата. Ги мина Рома и Болоња кои имаа два бода помалку, а попладнево овие екипи ќе играат меѓусебен дуел.