Ракометарките на Вардар во 12- тото коло од женската Супер лига ја пречека екипата на Деспина.

Вардарки малку се измачи но, успеа да издвои победа над екипата на Деспина со 33:28.

Натпреварот започна со серија 3-1 на екипата на Вардар. Вардарки во 10-тата минута зголемија на 7:3. Но, Деспина не се откажа и во 22-та минута израмни на 11:11. Во наредните осум минути се играше нерешено па на полувреме екипите заминаа со 16:16.

Вардарки во втората половина влегоа одлично и со серија од 6-0 успеаја да поведат со 23:18. Деспина се обидуваше да ја намали негативата но, не успеа.

Домашната екипа успешно ја одржуваше предноста до крајот на натпреварот. Крајниот резултат беше 33:28.

Најефикасна од Вардар беше Ивона Трпевска со осум гола, додека од Деспина Гичевска Мери со седум погодоци.

Ивона Кимовска