Египетскиот Ал Ахли е последниот полуфиналист на Светското клупско првенство на ФИФА.

Шампионот на африканската Лига на шампиони го победи неформалниот домаќин на турнирот, саудискиот,  Ал-Итихад со 3:1.

Тимот предводен од поранешниот австриски селектор Марсел Колер водеше со 3:0 веќе по 62.минута.

Египќаните поведоа во 21.минута преку Али Маалула кој беше прецизен од белата точка.  Карим Бензема имаше шанса да израмни на ист начин, но неговиот удар од белата точка го одбрани голманот Ел-Шенави.

Саудијците подобро влегоа во вториот дел, со головите на Хусеин Ел Шахат и Емам Ашур во 59. и 62. минута, го реши прашањето на победникот.

Најголемата ѕвезда на теренот Карим Бензема го ублажи поразот на својот тим.

Во полуфиналниот натпревар Ал Ахли, за кого ова е деветти настап на турнирот, а четврти по ред, ќе игра против бразилски Флуминенсе.

Овој натпревар ќе се игра во понеделник, додека во вторник на програмата е второто полуфинале. Во него европскиот шампион Манчестер Сити ќе се сретне со јапонскиот тим Урава.