Викендов ќе се игра 12-тото односно претпоследното коло од женската Супер лига. И во ова коло фаворитите би требало да имаат лесна задача и без проблем ќе стигнат до посакуваните бодови.

Денес на програмата се закажани пет натпревари.

Кумановки го пречекуваат Овче Поле во спортската сала ,,Перо Наков”, додека прво пласираниот Ѓорче Петров гостува кај екипата на Астибо во Штип.

Гевгелија ќе игра против Скопје, а Чаир ќе го пречека тимот на Шампион во ,,7-ми Март”. Натпреварот меѓу Пелистер 2012 и Спартак ќе биде интересен бидејќи ќе се одлучи кој ќе застане на седмата позиција на табелата. Овој натпревар ќе се одигра во спортската сала ,,Боро Чурлиновски” во Битола со почеток од 17:30 часот.

Утре ќе се одиграат два натпревари. Во првиот Вардар игра против екипата на Деспина, додека во вториот Металург гостува кај Стружанка.

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 33 бодови, Чаир 28, Металург Автокоманда 27, Куманово 27, Вардар 25, Стружанка 19…

Ивона Кимовска