Откако вчера своите натпревари ги одиграат МЗТ Скопје и Пелистер денеска на паркетот излегуваат и кошаркарите на ТФТ.

Овие три екипи следната седмица ги чека настап во регионалната АБА2 лига, па затоа порано од вообичаеното ги одработуваат обврските во домашното првенство.

Тимот од скопската населба Тафталиџе попладнево во СЦ „Кале“ ќе го одигра дуелот од 12.коло, а противник е најтрофејниот Работнички.

По четирите порази во низа, ТФТ врза две победи, па избраниците на тренерот Боро Смилковски сакаат победнички да ја заокружат серијата и да заминат за Широки Бријег.

Работнички пак од друга страна беше во налет од три победи која ја прекина Феникс, но тимот од „Градски парк“ брзо се рехабилитира со победата на гости кај Гостивар.

Работнички ја доби првата вонсезонски пресметка со ТФТ и тоа убедливо со 17 разлика, па тоа секако ќе биде и нивни мотив повеќе, но и за ТФТ да покаже дека тоа било само лош ден.

Натпреварот ТФТ – Работнички ќе се игра во СЦ „Кале“ со почеток од 18 часот.

Останатите три од ова коло ќе се играат во текот на викендот, a сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО
Четврток
18.00 ТФТ – РАБОТНИЧКИ 
Среда
МЗТ СКОПЈЕ А.– КОЖУВ 79-65
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР 89-88
Сабота
18.00 ОХРИД – ВАРДАР
Недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – АКАДЕМИЈА ФМП
20.00 ФЕНИКС – ЧАИР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 23, Пелистер 21, Еуро Никел 2005 19, Работнички 18, Чаир 2030 18, ТФТ Моцарт 18, Феникс 2010 17, Гостивар 16, Кожув 15, Вардар 14, Навико Академија ФМП 13, Охрид 12;