Вечерта во НБА лигата ја одбележа грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо кој постави личен, но и рекорд на тимот.

Антетокунмпо  ги предводеше Милвоки Бакс до победа против Индијана Пејсерс со 140:126. Гркот мечот го заврши со дури 64 поени, соборувајќи го рекордот на Мајкл Ред од 2006 година кога постигна 57 поени.

ЛА Лејкерси, на гостувањето кај Сан Антони играа без Леброн Џејмс но, Езерџиите славеа триумф со  122:119. До триумфот ги предводеше Ентони Дејвис со 37 поени и 10 скока. На тимот од Тексас не му помогна ниту младиот Французин, Виктор Вембањама кој на 30 поени, додаде 13 скока, шест блокади.

Бруклин Нетс победи со 116:112 на гостувањето кај Феникс Санс, а до победата ги предводеше Кам Томас со 24 поени. Девин Букер за поразените постигна 34 поени

Вашингтон Визардс – Њу Орлеанс 122:142
Мајами – Шарлот 115:104
Торонто – Атланта 135:128
Хјустон – Мемфис 117:104