Првиот дел од машката ракометна Супер лига дојде до самиот крај. На програмата е последното 14.коло по кое ќе ги дознаеме последните две екипи што ќе продолжат во плејоф фазата.

По натпреварите во Струга, но и Куманово денеска ќе дознаеме кој ќе биде четвртиот тим од А конкуренцијата.

Место меѓу осумте најдобри веќе обезбедија, Алкалоид, Тиквеш и Охрид. За последната, четврта „виза“ што води во плејофот конкурираат Струга и Еурофарм Пелистер 2.

Стружани имаат предност од 3 бода во однос на вториот тим на пелистерци. Затоа ним доволен им е и нерешен резултат во дуелот со Аеродром.

Екипата на Еурофарм Пелистер се надева на пораз на стружани, па со победа на гости кај Куманово, битолчани би биле тие што ќе завршат како четврти.

Двата натпревари во Струга и Куманово ќе почнат во терминот од 20 часот, а може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

Standings provided by Sofascore