По еднодневната пауза, ноќеска беа одиграни голем број на натпревари во НБА лигата. Од нив издвојуваме.

Шампионот Денвер славеше на гостувањето кај Атланта со 129-122. Бадијала беа 40-те поени на Србинот, Богдан Богдановиќ кој постигна десет тројки, кога Хокси загубија. На спротивната страна, Џамал ​​Мареј со 29 поени, 9 скока, заедно со Никола Јокиќ кој заврши со 25 поени, 9 асистенции и 8 скока, го предводеа шампионот до триумф.

Иста приказна и на дуелот во Мемфис. Јарен Џексон постигна 41 пен за Мемфис, но домаќините загубија од Далас со 113-120. Словенецот, Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 35 поени и 8 скокови.

Најнеизвесниот натпревар го одиграа Милвоки и Чикаго. Победа по продолжение со 133-129  забележаа домаќините предводено од Јанис Антетокунмпо со даб-дабл со 32 поени и 12 скокови. Бадијала се покажа фантастичниот настап на ДеМар Дерозан кој заврши со 41 поен и 11 скокови.

На останатите натпревари: Шарлот – Мајами 114:116, Детроит – Индијана 123:131, Орландо – Кливленд 104:94, Филаделфија – Вашингтон 146:101, Њу Јорк – Торонто 136:130, Хјустон – Сан Антонио 93:82, Милвоки – Чикаго 133:129, Њу Орлеанс – Минесота 121:107, Оклахома – Јута 134:120, Сакраменто – Бруклин 131:118 и ЛА Клиперс – Портланд 132:127.