Во единаесеттото коло од женската Супер лига, Спартак го пречека тимот на Вардар. Вардарки иако не го одиграа најдобриот натпревар, сепак успеаја го совладаат тимот на Спартак со 39:34.

Спартак во 4-тата минута поведе со 4:1. Домаќините играа одлично и ја зголемија предноста на +6 (14:8). Вардарки се обидуваа да ја намалат негативата, па во 25-та минута успеаја да преполоват предност на домаќинот на 14:17. Но, Спартак не попушти на полувреме да замина со позитива 20:17.

Во втората половина Вардар во 38-та минута намали на 22:23, по што следуваше период каде се играше гол за гол. Вардар во 45-тата минута за прв пат на натпреварот успеа да поведе со минимални 28:27. Гостите не запираа и со серија 4-0 поведоа со 34:30. Вардар во последните пет минути од натпреварот ја одржуваше оваа предност па крајниот резултат беше 39:34.

Најефикасна од тимот на Вардар беше капитенот Ивона Трпевска со 17 гола, додека од Спартак Ангела Гроздановска постигна 13 гола.

Останатите натпревари од оваа рунда ќе се играат во текот на викендот.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 11.КОЛО
СПАРТАК – ВАРДАР 34-39
сабота
11.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ШАМПИОН
14.00 ЧАИР СКОПЈЕ – ГЕВГЕЛИЈА
15.00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ПЕЛИСТЕР
15.30 ДЕСПИНА –АСТИБО
недела
13.00 СКОПЈЕ – ОВЧЕ ПОЛЕ
14.00 СТРУЖАНКА – КУМАНОВО

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 30 бодови, Вардар 25, Чаир 25, Металург Автокоманда 24, Куманово 24, Стружанка 19…

Ивона Кимовска