Првото издание на НБА Купот дојде до самиот крај, останува да се одигра уште финалниот натпревар. Во него за трофејот ќе се борат екипите на Индијана и ЛА Лејкерс.

Ова е епилогот по одиграните полуфинални натпревари на завршниот фајнал0фор турнир во Лас Вегас.

По втор пат оваа сезонава, Индијана Пејсерс го совлада Милвоки Бакс 128:119 и се пласираше во финалето. Дабл-дабл ефект во победничката екипа имаа Тајрис Халибартон со 27 поени и 15 асистенции и Мајлс Тарнер додаде 26 поени и 10 скока.

Кај поразените Бак, Јанис Антетокунмпо заврши со 37 поени и 10 скока, а Демијан Лилард додаде 24 поени и по седум скока и асистенции, не доволно да се избегне поразот.

Во второто полуфинале Лос Анџелес Лејкерс доминираше во дуелот со Њу Орлеанс и славеше со неверојатни 133:89. Победникот практично беше решен во третиот период кој „езерџиите“ го добија со 43:17.

Леброн Џејмс со 30 поени, 7 асистенции и пет скока, заедно со Остин Ривс со постигна 17 поени, ги предводеа Лејкерси до финалето.

Дуелот за првиот трофеј во НБА Купот ќе се игра во недела наутро од 02:30 часот.