Додека во периодот кога европската фудбалска јавност ќе биде насочена кон настаните на ЕУРО 2024, во САД ќе се играат натпреварите на Копа Америка. 

Претстојното лето од 20 јуни до 14 јули, на 14 стадиони ширум САД, ќе се играат натпреварите на КОМЕНТБОЛ шампионатот. 

Ждрепката посака бранителот на трофејот Аргентина и нејзиниот лут ривал Бразил да се сретнат само во финалето во Мајами. 

Аргентинците ќе играат во група А во која за противници ќе ги имаат Перу, Чиле и подобриот од дуелот Канада – Тринидад и Тобаго. 

И Бразил знае два од трите противници. „Кариоките“ во Д групата ќе играат против Колумбија, Парагвај и подобриот од дуелот Хондурас – Костарика.

Затоа во В и Ц групите познати се сите осум селекции.
Група Б: Мексико, Еквадор, Венецуела, Јамајка
Група Ц: САД, Уругвај, Панама, Боливија

Потсетување дека во финалето во 2021-ва Аргентина со голот на Ди Марија (21) го совлада Бразил со 1-0.