Младата фудбалска репрезентацијата на Македонија до 19 години ги дозна во квалификации за пласман на ЕП 2024.
Македонските надежи ќе играат во групата 7 во која за противници ќе ги имаат врсниците од Швајцарија, Украина и Летонија.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски за учество во главните квалификации, се изборија преку настапот на турнирот во Полска на кој завршија како втори зад Германците.
Денешната ждрепката одржана во Нион ја смести Македонија во последната седма група.
Навидум групата е не атрактивна, но е исклучително израмнета. Задачата да се биде прв во оваа конкуренција ќе биде тешка.
Имено, само прво пласираните селекции од седумте групи ќе и се приклучи на Северна Ирска која е домаќин на ЕП што ќе се игра од 15 до 28 јуни 2024 година.
Квалификациите ќе се играат во март по турнирски систем.