Македонските кикбоксери очекувано „жнеат“ медали на Меѓународниот турнир „Балкан бест фајтерс„ во Јагодина, Србија.

Со голема делегација која брои со 191 натпреварувачи, Македонија досега освои 53 медали.

Од нив дури 15 се златни, 19 сребрени и 19 бронзени.

Според бројот на освоени медали, Македонија е на второто место. Пред нас е само домаќинот Србија со 59 одличја (25-22, 12), додека на 3.место е Молдавија со 8 (4-3-1).

На турнирот настапуваат 472 учесници од 60 клубови од Балканот: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија, Бугарија, Молдавија и Словачка.