Голем број на натпревари беа одиграни во НБА лигата. Индивидуално вечерта ја одбележаа тројца кошаркари.

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ си поигруваа со нивните противници, а Микал Бриџис постигна постигна рекордни 42 поени.

МВП-то на минатогодишното финале, Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл, осми сезонава. Јокиќ постигна 36 поени, на кои додаде 14 асистенции и 13 скока но, неговиот Денвер загуби од Сакраменто со 117-123.

Истата судбина ја имаше и Лука Дончиќ. Тој пак го оствари третиот „трипл-дабл“ со 36 поени, 18 асистенции и 15 скока, но и Далас загуби од Оклахома со 120-126.

Миjкал Бриџис 42 поени го предводеше Бруклин во победата над Орландо со 129-101. Со тоа „мрежичките“ ја прекинаа низата од девет победи во низа на тимот од Флорида.