Ракометните суперлигаши во двете групи денеска ќе одиграат пет натпревари од 13.коло (претпоследно од првиот дел).

Oваа рунда ќе биде комплетирана утре (недела) со натпреварот меѓу Скопје 2020 и ГРК Тиквеш.

Претходно се одиграа два натпревара во кои фаворитите остварија победи. Алкалоид во А групата го совлада МРК КУманово со 29:12, додека Вардар беше убедлив против Мулти Есенс со 40:23.

Распоред на натпреварите за сабота 2.декември:
Аеродром – ГРК Охрид (почеток 14 часот – А група) се игра во Охрид
Еурофарм Пелистер 2 – Струга (почеток 16:30 часот – А група)
Бутел – Вардар Неготино (почеток 18 часот – Б група)
Еурофарм Пелистер  – Пролет 62 (почеток 19 часот – Б група)
Голден Арт КЛ7 – Прилеп (почеток 19 часот – Б група)

Табела А група: Алкалоид 39 бодови, Тиквеш 30, Охрид 27, Струга 18, Аеродром 13, Еурофарм 2 12, МРК Куманово 4, Скопје 2020 2.

Табела Б група: Еурофарм Пелистер 33, Вардар 33, Бутел 21, Пролет 19, Голден Арт КЛ7 14, Прилеп 10, Мулти Есенс 6, Вардар Неготино 6.