Арсенал „извлече“ победа против Вулверхемптон со 2:1. Екипата на Микел Артета излезе победник во еден интересен натпревар.

Во првиот дел по головите на Сака и Одегард, Арсенал го отвори резултатот кој комотно го чуваше во текот на целиот натпревар.

Несериозноста на Арсенал дојде до израз во вториот дел. Вулвс за момент се врати во игра со голот на Куња во 86-та минута. Сепак Арсенал издржа до самиот крај и однесе нови 3 бода.

Арсенал е лидер во англиската Премиер Лига со 33 бода по 14 кола. Вулвс со 15 бода по исто толку одиграни натпревари е на 13-та позиција.

Андреј Велјаноски