Екипата на Јувентус ја прекина серијата од шест натпревари без пораз на Монца пред своите симпатизери. 

Во водениот натпревар од 14.коло во Серија А, Јуве како гостин ја победи Монца со 2-1. 

Вистинска драма се случуваше во судиското дополнение. 

Гостите рано го отворија резултатот. Прво Влаховиќ не реализира пенал, а по изведениот корнер Рабиот постигна гол. 

По водството избраниците на Алегри целосно му ја препуштија играта на домашниот тим. Така беше се до судиското дополнение. 

Но, тоа можеше скапо да го чини Јувентус, бидејќи Монца преку Карботни (90+2) израмни на 1-1. 

Откако тргнаа од центарот и по долгата акција, најдобро со шеснаесетникот на Монца се снајде Федерико Гати кој му донесе триумф на Јуве. 

Јувентус кој по прв пат слави против Монца, сега изби на првото место на табелата со 33 бодови, еден повеќе од Интер. 

Тимот од Милано в недела го чека тешко гостување кај шампионот Наполи.