Фудбалерите на Џирона ремизираа 1:1 на домашен терен со Атлетик Билбао последниот натпревар од 14.коло од шпанската Ла Лига.

Со тоа тимот од Билбао ја прекина низата од шест победи на најпријатното изненадување сезонава во Шпанија.

Интересен и возбудлив натпреварот понудија двата тима, а големо чудо е беа постигнати само два гола. 

Особено тоа важи за првото полувреме кога на двете страни можеа да бидат постигнати барем по два гола. Но, резултатот на полувремето остана почетниот 0-0.

Џирона поведе во 55.минута со голот на Циганков. Но, радоста на Каталонците траеше само 12минути, колку требаше Игнасио Вилијамс да го израмни резултатот.

Џирона останува при самиот врв на табелата, но зад Реал Мадрид, а двата тима имаат по 35 бодови. По нив следуваат, Атлетико Мадрид и Барселона со 31, а Атлетик Билбао е петти со 25 колку што има и Сосиедад.