Познати се групите за квалификациски турнир по кои ќе се знаат сите селекции кои ќе настапа на ОИ во Париз. 

Нај интересно се очекува да биде на Пиреја, Грција. Покрај домаќинот, за едното место што води на Олимпијадата ќе се брат и Словенија и Хрватска. 

Во Сан Хуан, Порторико ќе има тешка задача во конкуренција на Италија и Литванија. 

Шпанија која ќе биде домаќин на турнирот во Валенсија ќе ја има улогата на главен фаворит на тој турнир. 

24-те репрезентации се поделени во четири турнири по шест селекции, а само победниците ќе играат на Олимпијадата.

Натпреварите ќе играат од 2 до 7 јули следната година.  

Турнир во Валенсија
Група А: Либан, Ангола, Шпанија
Група Б: Финска, Полска, Бахамите

Турнир во Рига:
Група А: Грузија, Филипини, Летонија
Група Б: Бразил, Камерун, Црна Гора

Турнир во Пиреа:
Група А: Словенија, Нов Зеланд, Хрватска
Група Б: Египет, Грција, Доминиканска Република

Турнир во Сан Хуан
Група А: Мексико, Брегот на Слоновата Коска, Литванија
Група Б: Италија, Порторико, Бахреин