Екипите на Ангели и Маџари забележаа победи во натпреварите од 8.коло на Втората кошаркарска лига. И двете екипи многу потешко од очекуваното стигнаа до бодовите во дуелите со Мега Баскет и Тетекс. 

На натпреварот во Кисела Вода, во првото полувреме двата тима демонстрираа слаба кошарка. Многуте  грешки, лошата реализација, придонесе за мал број на поени. За нијанса подобри беа домаќините кои го добија полувремето со 31-26  (18-15, 13-11).

Ништо по ефикасна не беше ниту третата четвртина  Во неа гостите намалија поен од негативата, па во последната Ангели влегоа со +6 (48-42). Лошата игра, надополнета со лошото судење придонесе за нервозна завршница. Во неа подобро се снајдоа домаќините кои на крајот славеа со 69-63.

До нов триумф дојде и тимот на Маџари кој на гостувањето кај Тетекс славеше со 77-70 и се врати на второто место на табелата.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 8.КОЛО
Недела
ТЕТЕКС – МАЏАРИ 70-77
АНГЕЛИ – МЕГА БАСКЕТ 69-63
одиграно вчера
ВОДНО САНС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 93-99
МКК КУМАНОВО – КУМАНОВО 2009 104-37
БОРЕЦ БАСКЕТ – СОКОЛИ 78-60
одиграно во петокот
РАБОТНИЧКИ 2 – ШКУПИ 64-84

ТАБЕЛА: МКК Куманово 16 бодови, Маџари 13, Шкупи 14, Ангели 13, Борец баскет 13, МЗТ Скопје У.Б. 13, Соколи 12, Водно Санс 11, Мега Баскет 10, Работнички-2 10, Тетекс 8, Куманово 2009 8.