Екипата на МКК Куманово предводена од екс-селекторот Марин Докузовски е прв претендент за прволигашки статус следната сезона.

Кумановци кои досега беа убедливи и ги добија сите седум второлигашки натпревари, дополнително се засилија под кошевите.

Имено поранешниот повремен македонски репрезентативец Александар Штерјов е ново засилување за МКК Куманово.

Искусниот 37 годишен центар (206 цм), ќе има своевидно вражање во Куманово во градското „дерби“ закажано за в сабота, против Куманово 2009.

Токму во редовите на поранешниот прволигаш, Штерјов настапуваше две сезони (2014-2015 и 2017-2018). Тој изминатото лето од Кожув мина во редовите на Чаир со кој спогодбено го раскина договорот.