На претпоследниот ден од квалификациите за Европското првенство, на програмата се натпреварите во Ц, Е и Ф групите. 

За нас секако најважен е дуелот во Скопје, каде Македонија ќе ја пречека Англија. Иако без резултатско значење за двете селекции, сепак ова е натпревар за честа велат фудбалерите од двете репрезентации.

За Англичаните да потврдат дека не случајно се први во групата. Македонските фудбалери ќе треба да докажат дека убедливиот пораз во Манчестер бил само лош ден и дека оваа селекција има капацитет да се носи со големите сили. 

Затоа пак вториот натпревар во Ц групата што ќе се игра на неутрален терен во Германија директно решава за второто место и настап на ЕП. 

Италија и Украина имаат по 13 бода, а победник ќе биде патник на завршниот турнир на најдобрите континентални селекции. Во случај на нерешен резултат Азурите ќе бидат тие што одат во Германија.

Во групата Е, Албанија направи историски успех со пласманот на ЕП. Најблиску до 2.место е  селекција на Чешка, на која во против Молдавија, на свој терен, доволен и е еден бод, односно да остане не поразена.

Ист е случајот во групата Х на дуелот меѓу Словенија и Казахстан. Во оваа група Данска веќе обезбеди настап на Европскиот шампионат.

Standings provided by Sofascore
Standings provided by Sofascore
Standings provided by Sofascore