Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја отвара програмата на вториот турнир во АБА2 лигата, кога во прашање се македонските претставници во ова натпреварување.
Аеродромци попладнево ќе играат против словенечката екипата Хелиос Санс во меч од 3-тото коло. Во него македонскиот шампион влегува со победа и пораз од првиот турнир, на кој загуби од Цедевита јуниор, а го совлада битолски Пелистер.
Овој натпревар е првиот од денешната програма, а ќе започне од 15 часот.
Во последниот од 21 часот свој настап ќе има екипата на ТФТ. Тимот од скопската населба Тафталиџе, ги загуби првите два натпревари. Боро Смилковски и неговите избраници вечерва ќе се обидат да стигнат до првата победа. За тоа ќе треба да го совладаат хрватскиот претставник Цедевита јуниор екипа која се покажа како незгоден противник.
Третиот македонски претставник, битолски Пелистер својот натпревар од ова 3-то коло ќе го игра утре. Пелистерци во попладневниот термин од 15 часот ќе играат против новосадска Војводина.
АБА 2 ЛИГА – 3.коло
вторник
15.00 МЗТ СКОПЈЕ A. – ХЕЛИОС САНС
21.00 ТФТ – ЦЕДЕВИТА ЈУНИОР
среда
15.00 ПЕЛИСТЕР – ВОЈВОДИНА