Младиот кошаркар Рубин Стефанов син на македонската легенда Врбица, продолжува да ги импресионира Италијанците со своите настапи.

Стефанов имаше уште една брилијантна партија. Во дресот на Унибаскет Ланчијано тим со кој настапува во лигата до 19 години.

Иако една година помлад, тоа не му пречи на Руби да биде во ТОП 4-те играчи во оваа конкуренција. Стефанов го предводеше својот тим до шестата победа со која избија на 1.место на табелата.

Имено екипата на Унибаскет Ланчијано славеше на гостувањето во Болоња кај Виртус со 63-59, а Рубин беше прв стрелец со 16 поени. Инаку станува збор за гостување кај една од најквалитетните екипи која се натпреварува и во Евролигата, каде вечерва го игра италијанското дерби со Милано.

Што се однесува до Стефанов.

Тој е севкупно четврти стрелец во италијанската лигата до 19 години, а втор стрелец во својата група. Досега Рубин има вкупно 142 постигнати поени или 20.3 по натпревар.

Потсетување дека младиот македонски кошаркар сезонава го потпиша и првиот сениорски договор и настапува за тимот на Пескара. Руби и во сениорската екипа е втор стрелец со вкупно 119 поени или во пресек речиси 15 по натпревар (14.9) .