Младата репрезентација на Македонија до 21 година ги продолжува подготовките за претстојните два натпревари.
Првиот, многу значаен, младите македонски фудбалери ќе го играат во Скопје во четврток. Во рамките на 4.коло од квалификациите за ЕП 2025, Македонија ја пречекува Грузија.
Еден од најдобрите фудбалери на младата репрезентација на Македонија, Иван Николов даде своите видување за претстојните натпревари.
„Можам да ветам дека ќе одиграме максимално борбено и ангажирано на секој дел од теренот и во текот на сите 90.минути. Тоа е нашата одлика што не красеше на првите два меча, голема пожртвуваност и надигрување. Ќе го дадеме нашиот максимум се со цел да се вратиме на победничките патеки, по неочекуваниот пораз од Молдавија.
Лично јас, а и моите соиграчи веруваме дека можеме да имаме позитивни квалификации, иако неочекувано бевме поразени од Молдавија на гостински терен. Затоа со нетрпение го очекуваме сите натпреварот со Грузија, за да ја го покажеме и докажеме нашиот квалитет, кој е неоспорен.
На вистинскиот пат сме, можеме само да напредуваме и да бидеме подобри од натпревар во натпревар“, изјави Николов.
Натпреварот ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ со почеток од 13 часот.