Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид во вечерва ќе го игра третиот натпревар во ЕФХ Европската лига. Алкалоид кој сезонава дебитира на европската сцена повторно ќе биде домаќин.
Во Скопје во рамките од третото коло на „Ф“ групата, ќе гостува Бјерингбро Силкеборг.
Данскиот тим во Скопје доаѓа со половичен ефект по дvата одиграни натпревари. Откако во првиот пред својата публика убедливо ја совладаа Ла Ријоха (34-25), во вториот во Нов Сад загубија минимално од Војводина со 28-29.
Сега Патрик Вестерхолм и неговите избраници ќе атакуваат на нови бодови со кои би си ја олесниле работата во трката за двете места што водат во разигрувањето.
Но, се прашува и Алкалоид. Пулените на Кирил Лазаров ја надминаа почетничката треба од дебитантскиот настап. Тоа го потврдија со одличниот настап на мечот во Шпанија, каде беа блиску и до победа.
Алкалоид стрпливо ќе ја чека својата шанса, а доколку им се укаже секако ќе сака да ги зграпчи бодовите.
„Очекувам тврд, силен натпревар, фаворитската улога им ја препуштаме на гостите, тоа е реалноста, но ние ќе гледаме да се поставиме добро и ако ни се укаже шанса да го искористиме моментот и да стигнеме до позитивен резултат“,
изјави Кирил Лазаров на вчерашната прес-конференција.
Натпреварот Алкалоид – Силкеборг што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне од 18.45 часот,