Александар Јовиќ е нов шеф на стручниот штаб на РК Пролет информираа од клубот. Јовиќ и Пролет денеска и официјално потпишаа договорот за соработка.

Јовиќ под чие раководство Еурофарм Пелистер ја освои шампионската титула, неодамна ја прекина соработката со битолскиот клуб. Тој доага на местото на  по заминувањето на Лембановкој исто така неодамна го напушти тимот на Пролет.

Од скопскиот клуб велат дека го направиме најдобриот можен избор.

„Презадоволни сме што можеме да ја официјализираме соработката со Александар Јовиќ, идеален тренер за Пролет. Говориме за стратег кој до пред еден месец беше дел од Лигата на Шампионите, а од денеска ќе почне со работа во нашиот клуб.

Тој работи исклучително добро и со младите ракометари помагајќи им да напредуваат во кариерата, што исто така е многу значајно за нашиот клуб.

Не се сомневаме дека донесовме вистински избор со ангажманот на овој врвен стручњак со кого Пролет уште повеќе ќе напредува“,

изјави директорoт на Пролет, Сашо Огњеновски.

Јовиќ кој беше долгогодишен македонски репрезентативец, кој е добро позна во работата со младите ракометари, нешто по што беше препознатлив во Металург и Еурофарм Пелистер 2.