Во Првата кошаркарска лига, денеска се одиграа пет натпревари со кои е комплетирано 7-то коло.

Дуелот во Битола, требаше да биде дерби но, Пелистер лесно и убедливо го совлада ТФТ.

Домаќините победија ја најавија уште по првиот дел кој го добија со 17 поени разлика (50-33), а имаа у најголеми +22. Се натаму беше само чиста рутина за расположение напаѓачки битолски тим. Во редовите на Пелистер петмина играчи беа двоцифрени. Лука Стојановски постигна 15, Планиниќ 14, Маслинко и Магдевски по 13, а Бернард беше стрелец на 12.

Двата тима следната недела ги очекува настап во регионалната АБА2 лига.

Во Кавадарци, Еуро Никел ја оправда улогата на фаворит и убедливо со 41 разлика го победи Охрид.

Неизвесно беше во Гостивар каде истоимената домашна екипа славеше против Чаир со 89-84. Решавачка се покажа последната четвртина, во кој домаќините направија 11 поени предност. Таквата разлика знаеја како да ја сочуваат до крајот и да се израдуваат на третата победа.

Во Гевгелија, кошаркарите на Кожув се израдуваа само на втората победа совладувајќи го лесно скопски Вардар 78-57.

По поразите на ТФТ и Чаир, шампионот МЗТ Скопје Аеродром кој претходно си ја заврши работата останува сам на врвот на табелата. Аеродромци имаат победа повеќе во однос на Пелистер, Еуро Никел, ТФТ и Чаир, кои го следат.

Во последниот натпревар меѓу Работнички ја оправда фаворитската улога и убедливо со 30 разлика ја совлада Академија ФМП за која ова беше седми пораз.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО
сабота
ГОСТИВАР – ЧАИР 89-84
ЕУРО НИКЕЛ – ОХРИД 100-59
ПЕЛИСТЕР – ТФТ 87-70
КОЖУВ – ВАРДАР 78-57
АКАДЕМИЈА ФМП – РАБОТНИЧКИ 68-98
среда
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 73-64

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13 бодови, Еуро Никел 12, Пелистер 12, ТФТ 12, Чаир 12, Работнички 11,Феникс 10, Гостивар 10, Вардар 10, Кожув 9, Охрид 8, Академија ФМП 7.