Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави поширокиот список на фудбалери на кои ќе смета за последните два натпревари во квалификациите за ЕП 2025 во Германија.
Остануваат уште два натпревари за црвено-жолтите во овие квалификации. На 17-ти против Италија во Рим и на 20 ноември во Скопје, Македонија ќе ја пречека Англија.
На списокот на селекторот Благоја Милевски за последните два меча од квалификацискиот циклус се наоѓаат следните 25 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија
Тодор ТОДОРОВСКИ – ЗТЕ, Унгарија
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија
Јован МАНЕВ – Осјек, Хрватска
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија
Бојан ДИМОСКИ – Акрон, Русија
Ахмет ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска
Стефан АШКОВСКИ – Раднички Ниш, Србија
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска
Аријан АДЕМИ – Динамо Загреб, Хрватска
Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска
Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска
Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија
Исник АЛИМИ – Сепси, Романија
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска
Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка
Дарко ЧУРЛИНОВ – Барнли, Англија
Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија
Ердон ДАЦИ – Вестерло, Белгија
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска
Собирот е закажан за 13 ноември (понеделник) во хотелот „Хилтон“ во Скопје, а подготовките ќе се одвиваат во базата на теренот крај ФФМ.