Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва во Матошинос, со дуелот против Португалија ги почнува квалификациите за ЕП 2025-година. 

Ова е нов циклус, во кој нашата селекција ќе се обиде да оствари да оствари барем една победа, најавува селекторот Ашаданов. 

Со него се согласува и капитенката Анџела Митрашиновиќ која верува дека Македонија има квалитет да се носи со подобро рангираните селекции. 

„Може да се каже дека сме малку поискусни во однос на минатиот циклус. Се надевам дека сите ќе бидеме здрави, затоа што секоја година ни недостасува по некој играч. Сакам барем во еден циклус од квалификациите да покажеме што можеме во целост. Сигурна сум дека имаме квалитет“, вели Митрашиновиќ. 

Но, што се однесува до здравствената состојба, желбата барем за денешниот натпревар нема да и се исполни на капитенката. 

Александра Стојановска се пожали на повреда, па нејзиното место ќе го пополни младата Клементина Модева, која ќе ги чека првите минути во сениорскиот состав. 

„Знаеме каков квалитет имаат и Португалија и Србија, но на терен нема да излеземе со бело знаме. Се ќе биде од голема важност од тоа како ќе се поставиме во нападот, па до тоа како ќе изгледаме во одбраната. Јас верувам дека секоја од нас ќе го даде максимумот до последната секунда. Впрочем, желбата ни е секогаш да победуваме“, порачува Митрашиновиќ. 

Вчерашниот натпревар меѓу Португалија и Македонија ќе започне од 21.30 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Ова е натпревар од групата „Г“ во која во првиот меч (18 часот) ќе играат Србија и Украина.