Три нови натпревари нуди денешната програма од 6.коло во Првата машка кошаркарска лига. 

Најинтересниот ќе се игра во СЦ „Кале“ во Скопје, но без присуство на публика. Поради казната што ја заработи Работнички на дербито со МЗТ Скопје, сега црвено-белите ќе ја немаат поддршката од навивачите. 

Работнички ќе го пречека кавадаречки Еуро Никел кој по трите стартни победи, ги загуби последните две од Пелистер и МЗТ Скопје.  На овој дуел деби на клупата на Работнички ќе има Горан Самарџиев кој до ланската сезона, неколку години, ги предводеше кавадарчани. 

Натпреварот ќе стартува во терминот од 19 часот, а претходно ќе играат Вардар и Академија ФМП, додека час подоцна почнува дуелот Феникс – Пелистер.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
Недела
18.00 ВАРДАР – АКДЕМИЈА ФМП
19.00 РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ  (без присуство на публика)
20.00 ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР
Петок
ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 73-98
Сабота
ТФТ – ГОСТИВАР 79-70
ЧАИР – КОЖУВ 88-84

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11, Чаир 2030 11, ТФТ Моцарт 11, Еуро Никел 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 8, Гостивар 8, Вардар 7, Охрид 7, Кожув 7, Академија ФМП 5.

ГЛЕДАЈТЕ ГИ ВО ЖИВО НАТПРЕВАРИТЕ ОД
ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА