Нај неизвесниот натпревар од синоќешната понуда во НБА лигата беше одигран во Сан Франциско

Тимот на Голден Стејт минимално со 101-100 славеше победа во дуелот со Сакраменто.

Клеј Томсон на неполна секунда до крајот го погоди победничкиот шут за „Воините“ во чии редови најефикасен беше Стеф Кари со 21 поени. Кај поразените Сабонис имаше дабл-дабл со 23 поени и 11 скокови.

Дербито на Лос Анџелес им припадна на Лејкерс славеа победа над Клиперси со 130-125. Дуелот мина во знакот на првите ѕвезди на двата тима. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 35 поени 12 скока и 7 асистенции, додека 27 поени додадоа Ентони и Д’Анџело Расел. Кај поразените Клиперси прв поентер беше Каваи Ленард со 38 поени, додека Пол Џорџ кој предвреме го заврши натпреварот со 6 лични грешки, реализира 35 поени.

Од останатите натпревари издвојуваме. Пов пораз претрпе шампионот Денвер и тоа на гости кај Минесота со 89-110 . Ниту Никола Јокиќ не му помогна на својот тим иако оствари дабл-дабл со 25 поени и 10 скока.

Неверојатно голема победа забележа Селтикси. Пред своите симпатизери во Бостон, го совлада составот на Индијана со 155-104. Џејсон Тејтум имаше дабл-дабл остварување за победничката екипа со 30 поени и 12 скока.