Треба да биде развоен турнир на кој младите кошаркари ќе се надградуваат, ќе учат и ќе се натпреваруваат, но Бугарите и овде најдоа мегдан за „надмудрување“. 

Имено денеска во СЦ „Кале“ во Скопје, започна ново издание на проектот на ФИБА „Зедно до 16 години“. 

На турнирот на кој овојпат играат кошаркари и кошаркарки родени 2009 година и помлади, ЛЕКЦИЈАТА ЗА „НЕСПОРТСКО ОДНЕСУВАЊЕ“ ја демонстрираа Бугарите. 

Имено на последниот меч на првиот дел во кој играа Македонија и Бугарија, гостинскиот селектор и неговите помошници ја повлекоа екипата. 

Бугарите решија да не го доиграат натпреварот, на прекинот е на 3:44 пред крајот при водство на Македонија од 54:46. 

Вакво скандалозно однесување и тоа пред деца на возраст од 14 и помалку години е во најмала рака не прифатливо. За педагошкиот аспект на бугарскиот селектор и неговите помошници и нема потреба да се пишува и зборува. 

По долги „натегања и убедувања“ на бугарскиот селектор, натпреварот се доигрa, a Македонија победи 60:55.

СРАМНО !!!