Њукасл го отпиша Манчестер Ј. од Лига или популарниот „Карабао“ куп на Англија. Во не толку возбудлив натпревар Њукасл издоминира и ги доби „црвените ѓаволи” со 3:0 и тоа на „Олд Трафорд“.

Уште на самиот старт се виде кој е подобриот противник на натпреварот.

Ниту домашниот терен не беше предност за Манчестер. Со головите на Алмирон и Хол, Њукасл на полувреме замина со 2:0.

Во вториот дел Џо Вилок го запечати триумфот со голот за 3:0.

Њукасл продолжува понатаму во лига купот, кој сезонава ќе има нов владетел.

Манчестер Јунајтед со овој пораз ја потврди лошата форма и незрелоста за одбрана на овој трофеј.

Андреј Велјаноски