Женската фудбалска репрезентација на Македонија попладнево ќе го одигра претпоследниот натпревар во Лигата на нациите. 

Македонските фудбалерки гостуваат кај Косово во натпревар од 4.коло во „Ц“ конкуренцијата (петта група).

Ова е вториот меѓусебен дуел на овде две селекции. Во првиот одигран во Скопје пред четири дена, Македонија беше поразена со 0-2. 

И на денешниот натпревар Македонија ќе настапи без својата најдобра фудбалерка Наташа Андонова.

За македонските фудбалерки по овој меч (од 17 часот), ќе остане уште гостувањето кај Бугарија (5 декември од 17 часот) од која беа поразени во Скопје со 0-1.