Тимот на ЛА Лејкерс ја забележа првата победа во вториот одигран натпревар од новата сезоната на НБА лигата.

На домашен паркет Лејкерси беа подобри од Феникс Санс со 100:95, благодарение на одлично одиграната последна четвртина.

На девет минути до крајот „Сонцата“ водеа со 87:82, но Лејкерси ја свртеа негативата со серија од 9:0. Во последниот период Феникс постигна само 11 поени.

Најдобар во победничките редови беше Ентони Дејвис со 30 поени и 12 скока, додека Леброн Џејмс додаде 21 поен, осум скока и девет асистенции.

Гостите ги предводеше Кевин Дурент со 39 поени и 11 скока, Ерик Гордон додаде 15 поени.