Македонскиот вицепрвак Алкалоид вечерва ќе го одигра вториот натпревар на европската сцена.
Алкалоид своето деби го имаше минатата недела во Скопје, кога загуби од српскиот првак Војводина.
Сега во 2.коло од Европската лига, Алкалоид му гостува на шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха.
За разлика од Алкалоид, Ла Риоха е екипа со долго реноме на европската сцена. Четирипати досега има учествувано во Лигата на шампионите и уште седум сезони играше во Европски Куп.
Самиот овој факт за некогашниот трикратен вицепрвак на Шпанија, тимот на Ла Риоха го става во улога на фаворит.
Целта на нашиот претставник овој млад тим да се стекне со неопходното искуство и достојно да го презентира македонскиот ракомет. Ова повеќепати беше потенцирано прес дебито на Алкалоид на европската сцена.
Сепак, прикажаното на моменти од првиот меч со Војводина, секако влева надеж дека избраниците на Кирил Лазаров ќе се борат до самиот крај.
Доколку ги коригираат одредените слабости кои ги имаа на дуелот со Војводина, може да се надеваат и на позитивен резултат.
Натпреварот ќе се игра во спортската сала во Логроњо, со капацитет од околу 4000 гледачи, а ќе почне од 20:45 часот.