Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Украина, а пред последниот тренинг, селекторот Благоја Милевски ги сподели свои очекувања
„Не е потребно да се трошат зборови за квалитетот на Украина. Има играчи кои играат во топ клубовите.
Од друга страна, Македонија многу пати покажа дека може да биде конкурентна со силни селекции.
Ме радува нашата форма од септември и се надевам ќе ја задржиме. Утрешниот натпревар ќе биде различен од тој во Скопје.
Доаѓаме во фаза двете селекции да се борат за втората позиција и само победа би ни одговарала. Очекувам отворен натпревар и допадлив фудбал.
Мора да бидеме фокусирани за време на сите 90 минути, а не само 60-65 како што беше во Скопје.
Имаме измени во тимовите од јуни, од тој аспект очекуваме да постои разлика од јунскиот дуел. Во составот нема да биде само Зајков, сите останати се здрави, се надевам така и ќе остане“, изјави Милевски.
Утрешниот натпревар меѓу Украина и Македонија ќе се игра во терминот од 15 часот.